Нова грчка тактика?
Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО уште 2008 та кога Грција го блокираше приемот, и тоа не е спорно, сметаат европски аналитичари. Кристијан Вершуц, дописник за Балканот на Австриската Државна Телевизија за МТВ вели дека ова го потврди и Алијансата со заклучокот дека не е потребно да се чека нов Самит на НАТО туку веднаш, штом се реши прашањето за името Македонија ке стане членка.

,,Прашањето дали Македонија ги исполнува критериумите не е во ред , неспорно е дека Македонија ги исполни критериумите. Во мегувреме состојбата не се промени, но се промени грчката тактика. Грција се труди да користи други поводи за да прикаже дека Македонија не е подготвена за влез во НАТО и ЕУ,, вели Кристијан Вершиц.
И домашните аналитичари на иста линија. . Благоја Марковски смета дека јужниот сосед ја користи својата позиција од внатре како членка билатералниот спор да го трансформира како спор на НАТО и ЕУ. Така, според него, на перфиден начин измислиле формулација решето го името па ке станете членка.
,,Треба повеке да им дадеме на знаење и на НАТО структурите дека доколку сме им потребни тогаш мора да ја променат својата тактика и да извршат определен притисок а методи за тоа постојат не само врз Република Македонија туку и врз Грција. Лично сметам дека доколку Македонија се понижи и ги прифати новосоздадените услови таквото членство ке биде поголема штета отколку кога не би прифатила промена на името,, смета Благоја Марковски.
Марковски заклучува дека доколку Македонија и е потребна на НАТО и ЕУ тогаш согласно времената спогодба и Хашката пресуда членството под референцата е можно и најправедно решение.
Лидија Чакар