Ирак: Милитантите ја презедоа контролата над Мосул
Од Стејт департментот соопштија дека милитантите на ИСИЛ претставуваат закана за целиот регион, нагласувајќи дека Вашингтон ќе поддржи координиран одговор против агресијата...

По неколкудневни борби, милитантите од Исламската држава во Ирак и Левант ја презедоа контролата над Мосул и голем дел од северната провинција Ниневија.
Од Стејт департментот соопштија дека милитантите на ИСИЛ претставуваат закана за целиот регион, нагласувајќи дека Вашингтон ќе поддржи координиран одговор против агресијата.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун ги повика ирачките политички лидери да покажат национално единство во борбата против заканата.
Ирачкиот премиер Нури ал-Малики побара од парламентот да прогласи вонредна состојба.
Од јануари, борците на ИСИЛ конторлираат делови од Рамади, главниот град на западната провинција Анбар, и поголем дел од блискиот град Фалуџа.
