Започната реформа за забрзување на трговијата и транспортот
Царинската управа заедно со 16 државни институции ќе го имплементира Националниот едношалтерски систем, при што на највисоко владино ниво е започната реформа за унапредување на политиките за забрзан транспорт и трговија се со цел подобрување на условите за водење бизнис...

Царинската управа заедно со 16 државни институции ќе го имплементира Националниот едношалтерски систем, при што на највисоко владино ниво е започната реформа за унапредување на политиките за забрзан транспорт и трговија се со цел подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во ЕУ. За негова имплементација се обезбедени 4 милиони долари од Светска банка преку Проектот за забрзување на транспортот и трговијата на Западен Балкан.
Денеска пред бизнис заедницата беше одржан настан во рамки на кој беа презентирани главните придобивки на Националниот едношалтерски систем.
На настанот покрај директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, свое обраќање имаа вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Татјана Марковска од Светска банка, претставници од други институции што се вклучени во процесот и консултанти од конзорциумот вклучен во имплементација на проектот.
