Здравство

Дијабетичарите повторно се соочуваат со недостиг на инсулин и терапија

07.02.2024 12:42

Состојбата со недостиг на инсулин и антидијабетска терапија го отежнува животот на пациентите со дијабетес. Од Сојузот на здруженија на дијабетичари бараат што поскоро решавање на проблемот, во интерес на здравјето на пациентите…

Пациентите со дијабетес имаат недостиг на инсулин предупредуваат од Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија. Констатирано е дека се појавува и недостиг на антидијабетна терапија Оземпик и Рибелсус. Ова го отежнува животот на пациенти со дијабетес и потребно е што поскоро решавање на проблемот, бараат од Сојузот на дијабетичари.

Од Сојузот на дијабетичари испратиле прашање до Министерството за здравство, за состојбата која е присутна од октомври. Одговорот, зошто нема инсулин, бил дека заради ревидирање на количините на Ризодег, согласно количините предвидени во реализација на тековниот тендер, се делеле само останати количини, а другите е пациенти требало да ги консултираат докторите за замена на инсулинската терапија.

Моменталната состојба со недостиг на инсулин и терапија, од Сојузот сметаат дека ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терапија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.

 

Петар Печков