Масовен ракетен напад врз повеќе градови во Украина
Зголемена меѓународна присутност на почетокот на годинава во Украина. Џозеп Борел, потпретседателот на Европската комисија ја донесе веста за помошта од 50 милијарди долари, но мораше да бара спас во едно од киевските засолништа. Нуклеарката во Киев ја загрижува светската јавност. Масовен ракетен напад врз повеќе градови во Украина.

Шефот на надворешната и на безбедносната политика на Европската унија е во Украина, лично да ја донесе веста за помошта од 50 милијарди долари за поддршката на територијалниот интегритет на земјата. Во Киев, Борел мораше да се скрие во едно од засолништата поради сирените за воздушна тревога. Ова е секојдневието за Украинците откако Русија ја почна незаконската агресија, коментираше Борел на мрежата Икс.
„Животот не е театар, паѓаат бомби, луѓето загинуваат. Откривате масовни гробници во ослободените територии. Сепак украинското општество е отпорно, не само поради борбата на фронтот“, изјави Џозеп Борел-потпретседател на Европската комисија.
Меѓународната присутност во Украина предизвика масовен ракетен бран на руската војска. На удар покрај Киев, се и Миколаев, Харков, Дњипровск. Проектилите погодуваат станбени области.
„Беше многу страшно, гореше мојот дом, не знам каде е сестра ми, се надевам дека се живи“, изјави Валентина-жителка на Киев.
„Во престолнината добивме извештаи за напад врз два реона, горат цели катови на овие места. Десетици се хоспитализирани, исто толку и евакуирани“, изјави Павло Петров- портпарол на центарот за итни состојби на Киев.
Европа стравува за нуклеарните постројки во земјава. Во Запорожје, на Дњепар, преглед на најголемата централа на континентот направи шефот на Mеѓународната агенција „Гроси“. Потврди дека не произведува струја.
„Реакторите не се правилно исклучени, тоа е опасно зашто има протокол за работа. Одам во Москва следната недела за да добијам објаснување од најодговорните луѓе за иднината на нуклеарната централа“, изјави Рафаел Гроси - директор на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Состојбата во Украина се усложнува откако турска компанија реши да гради фабрика за беспилотни летала кај Киев. Поради серијата напади со висок дострел во полска, летна воената авијација. Војната трае речиси две години, почна на 24 -ти февруари.
Зоран Богатинов
