Македонија

Во пунктот „Пролет“ граѓаните се фотографираат на закажан термин

07.02.2024 13:12

14 бази за фотографирање се новината од денеска, што треба да го намали метежот и да донесе колку-толку ред во вадењето на лични документи со „Северна“...

Во пунктот „Пролет“ веќе функционираат 14 бази за фотографирање. Метежот го нема повеќе. Тука се само граѓаните на кои им е презакажан терминот.

Редот се запазува. Се повикуваат еден по еден од списокот кој службениците го добиле од поместувањето на закажаните термини. Граѓаните задоволни. Велат, нема повеќе кавги кој прв да влезе.

Службениците не информираа дека имало неколкумина кој утрово дошле без термин, но биле вратени и им било кажано да се јават во повикувачкиот центар. Министерот Тошковски го посети пунктот. До сабота ќе работи до 15 часот, од понеделник во две смени до 22 часот. Се очекува дневно да бидат фотографирани до две илјади луѓе.

Уште пет дена важат патните исправи со старото име. Од 12-ти ќе може да се излезе од државата само со пасош со променето на името. Од МВР информираат дека наскоро ќе има и реорганизација во работата на службите од каде се подигаат готовите документи.

 

Наташа Гркова Петрушевска