Здравство
Состанок на Комисијата за заразни болести, се очекува одлука за состојбата со големата кашлица
07.02.2024 13:14
Дванаесет регистрирани и многу ризични што не направиле тестирање и се лекуваат дома. Комисијата за заразни болести влезе на состанок на кој ќе носат одлука за состојбата со големата кашлица...

Дванаесет регистрирани и многу ризични што не направиле тестирање и се лекуваат дома. Комисијата за заразни болести влезе на состанок на кој ќе носат одлука за состојбата со големата кашлица.
Иако пертусисот се шири најмногу помеѓу училишните деца, бебињата се најранливи. Две се лекуваат во Козле, едно на Клиниката за детски болести. Вакцинацијата е единствената превенција. Имунитет се создава две недели по боцкањето.
Големата кашлица се шири и во регионот. Во Хрватска има над 6.000 заболени, во Србија над 1.000.
Известува Наташа Јанчиќ- Менковски
