Македонија

Штрајкот во ФЗО ставен во мирување

07.02.2024 13:47

Одлуката, како што информираат, е донесена по денешната седница на Управниот одбор на ФЗО...

Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување се става во мирување, соопшти Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ).

Одлуката, како што информираат, е донесена по денешната седница на Управниот одбор на ФЗО. Од Синдикатот им се заблагодаруваат на сите организации од здравствениот сектор и на разбирањето на граѓаните.

Битката е добиена, но не и војната, а по 31-ви мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно штрајкот ќе биде повторно активиран, велат од УПОЗ.