Свет
Бомбашки напади пред парламентарните избори во Пакистан
07.02.2024 14:13
Нападите се случуваат на ден пред одржувањето на парламентарните избори во земјата...

Во два бомбашки напади врз изборни канцеларии на политичка партија и независен кандидат во југозападен Пакистан, загинаа најмалку 24 лица, а десетици се ранети. Нападите се случуваат на ден пред одржувањето на парламентарните избори во земјата.
Сè уште ниту една група не ја презеде одговорноста за експлозиите.
