Македонија

Формиран Совет за координација на активностите на НАТО

07.02.2024 15:03

Денеска се формираше Совет за координација на активностите во НАТО. Според надлежните, ова ќе придонесе за подобра соработка со сојузниците во операциите и справување со актуелните закани за алијансата...

Северна Македонија ја продлабочи соработката со сојузниците во НАТО. Со новоформираниот Совет за координација на активностите во рамки на алијансата се овозможува поефикасно учество во заедничките операции и за справување со безбедносните предизвици.

Советот за координација на активностите во НАТО е со поддршка на Обединетото кралство, кое заедно со САД најмногу вложуваат во развивање на капацитетите во земјава.

По војната во Украина, на Блискиот Исток се покажа дека сојузниците мора да бидат подобро подготвени да ги спречат заканите по земјите членки.

 

Ирина Гелевска