Откупувачите ја зголемија цената на тутунот
Откупувачите во земјава ја зголемија цената на тутунот на 365 денари. Тоа ќе го направат со анекс на договорите во текот на утрешниот ден. Овој договор го постигнаа денеска во Прилеп на средба со министерот за земјоделство Љупчо Николоски. Од Сојузот на земјоделските здруженија поставија рок – писмено очекуваат потврда до утре напладне …

Откупувачите во земјава се согласија. Сите со анекс на договорите ја зголемуваат цената на тутунот на 365 денари. Потпишаните договори утре ќе ги достават до Земјоделскиот инспекторат и до Сојузот на земјоделските здруженија. Зголемувањето ги опфаќа и досега откупените количества тутун. Ова е епилогот од денешниот состанок на министерот за земјоделство Николовски со откупните фирми во Прилепскиот тутунски комбинат.
Сојузот на земјоделските здруженија постави рок и услов. Ги очекува потпишаните анекси до утре напладне. Во спротивно нема да се дава тутунот.
Досега се откупени околу 9.500 тони тутун. Реколтата се цени на 13 до 15.000 тони. Овој месец ќе има нова средба со откупувачите за измени во Законот за тутун.
Елизабета Митреска
