Нови покривни конструкции на сцените на Античкиот театар и Долни Сарај

11.06.2014 12:11

Проектот за покривање на оваа сцена, кој е дел од Годишната програма на Министерството за култура, се очекува да биде реализиран до почетокот на следниот месец...

На Античкиот театар во Охрид се во тек градежните активности за поставување на покривната конструкција чија цел е да ја заштити сцената од надворешни влијанија, соопштуваат од Министерството за култура.

Проектот за покривање на оваа сцена, кој е дел од Годишната програма на Министерството за култура, се очекува да биде реализиран до почетокот на следниот месец, кога се очекува на 12 јули, токму на оваа сцена да биде означен почетокот на најголемата музичко-сценска манифестација, фестивалот „Охридско лето“.

Покрај овој проект, со поддршка од Министерството за култура, во моментов се изведуваат и градежни активности за поставување на  покривната конструкција на сцената на Долни Сарај.

Покривните конструкции на двете сцени ќе овозможат унапредување на условите за реализација на програмата на фестивалот „Охридско лето“, како и на другите музичко-уметнички настани и манифестации кои се одвиваат во градот во текот на целата година.