Комисијата за заразни болести со препорака за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје
Комисијата за здравство предложи да се прогласи епидемија на голема кашлица на територијата на град Скопје. Заразата се пренесува лесно, а бројките на болни растат секојдневно...

Четири и пол годишното девојче е втор пациент на детската Клиника со голема кашлица. Детето е имунизирано со сите вакцини, но примало имуносупресивна терапија којашто го намалува имунитетот. Доенчето што се лекува е во добра состојба. Овие пациенти на доктор Мицевска иако не биле во градинка или на училиште болеста ја добиле од некој од нивното опкружување кој ја носел бактеријата но нема симптоми, бидејќи има посилен имунитет.
Сите 18 потврдени случаи во земјава се изолирани. Но Комисијата проценува дека оваа бројка е поголема. Во град Скопје има 14 случаи, поради што предлагаат прогласување епидемија.
84% од деца до една година се имунизирани со три дози, но само 69% се ревакцинирани. Болниот кај кого ќе се потврди голема кашлица ќе се лекува со антибиотик. Во семејствата каде што има заболен со голема кашлица не треба да преземаат никави мерки доколу се чувствуваат добро и немаат симптоми. Проблем е само ако во семејството има бебе.
Комисијата ја разгледуваше состојбата и со грипот, ковидот.
На Клиниката за инфективни болести моментално се хоспитализирани 3 пациенти, во Колзе 60 деца се со респираторни заболувања.
Наташа Јанчиќ Менковски
