Ракетни руски напади во Украина, Борел во Киев
Зголемена меѓународна присутност во почетокот на годинава во Украина. Џозеп Борел, потпретседателот на Европската комисија, ја донесе веста за помош од 50 милијарди долари, но мораше да бара спас во едно од киевските засолништа. Нуклеарката во Киев ја загрижува светската јавност. Масовен ракетен напад врз повеќе градови во Украина...

Шефот на надворешната и на безбедносната политика на Европската унија е во Украина, лично да ја донесе веста за помошта од 50 милијарди долари за поддршката на територијалниот интегритет на земјата. Во Киев, Борел мораше да се скрие во едно од засолништата поради сирените за воздушна тревога. Ова е секојдневието за Украинците откако Русија ја почна незаконската агресија, коментираше борел на мрежата икс.
„Европската помош достигна 85 милијарди евра. Ни требаат пари за артилериска муниција. Ова можеме да го постигнеме преку инструментот за конфискација на замрзнатите руски средства“, изјави Денис Шмихал премиер на Украина.
„Животот се спасува со добра обука на војниците. Низ нашите центри досега се обучуваа 40 илјади украински војници“, изјави Џозеп Борел, потпретседател на Европската комисија.
Меѓународната присутност во Украина предизвика масовен ракетен бран на руската војска. На удар покрај Киев, се и Миколаев, Харков, Дњипропетровск. Проектилите погодуваат станбени области.
„Беше многу страшно, гореше мојот дом, не знам каде е сестра ми, се надевам дека се живи“, изјави Валентина, жителка на Киев.
„Во престолнината добивме извештаи за напад врз два реона, горат цели спратови на овие места. Десетици се хоспитализирани, исто толку и евакуирани“, изјави Павло Петров портпарол на Центарот за итни состојби на Киев.
Состојбата во Украина се усложнува откако турска компанија реши да гради фабрика за беспилотни летала кај Киев. Поради серијата напади со висок дострел во полска, летна воената авијација. Војната трае речиси две години, почна на 24-ти февруари.
Зоран Богатинов
