МТСП

Тренчевска: Младите остануваат нашиот партнер во работата

07.02.2024 20:44

Во духот на последните соработки на Министерството за труд и социјална политика со младинските организации и со младите индивидуално, денес Тренчевска зборуваше за заедничката работа и успесите од истата...

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес учествуваше на работилницата „Градење на политики и стратегии за млади со носители на одлуки во различни сектори“ во организација на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Во духот на последните соработки на Министерството за труд и социјална политика со младинските организации и со младите индивидуално, денес Тренчевска зборуваше за заедничката работа и успесите од истата.

„Особено сум горда што можам да истакнам дека во соработка со НМСМ ја донесовме Стратегијата за ментално здравје за младите. Тоа е резултат на вреднување на мислењето на младите и нивните потреби“ истакна Тренчевска.

Таа зборуваше дека во моментот се работи и на нова услуга што е по Акцискиот план на стратегијата за ментално здравје.

Во нејзиното обраќање таа ги истакна и достигнувањата на министерството за труд и социјална политика. Таа посочи дека само изминатата година во Оперативниот план за мерки и програми беа вклучени 22.786 невработени млади лица, што резултираше со 39% успех на оваа мерка. И истакна дека за оваа година буџетот за спроведување на мерките е зголемен за 1 милион и 200 илјади евра.

Тренчевска на крај се вклучи и во работилницата за Акцискиот план за националната стратегија за млади заедно со младите.