Димитров: Македонија ќе нема проблеми со снабудање со природен гас!
Македонија не треба да се откаже од проектот Јужен тек, иако во крајна нужда има и алтернатива, сметаат експретите. Според Константин Димитров, Македонија има голема резерва со оглед на можноста за 800 милиони кубни метри гас и потрошувачката од 250 милиони...

Македонија во наредните 5 до 6 години нема да има проблеми со користење на природниот гас, сметаат дел од енергетските експерти. Проблемите што се појавија во однос на изградбата на Јужен тек се политички, вели Константин Димитров, претседател на Центарот за енергетска ефиканост МАЦЕФ, учесник на денешниот форум за енергија, што се одржува во организација на Американската амбасада во Скопје и тин-тенк организацијата „Аналитика“.
Македонија не треба да се откаже од проектот, иако во крајна нужда има и алтернатива, сметаат експретите. Според Димитров, Македонија има голема резерва со оглед на можноста за 800 милиони кубни метри гас и потрошувачката од 250 милиони.
„И на сите други потрошувачи во Македонија им треба време да се приклучат, што значи дека треба да се направат преносните системи, она што се планира со рускиот кредит, потоа треба да се направи дистрибутивниот систем во Скопје, што исто така е три-четири-пет години. А за пет години политичката состојба и во светски рамки може да се измени“, рече Димитров.
Со учесниците на форумот за енергија ги анализираат геополитичката и економската рамка на енергетските прашања во Македонија и регионот, на затворени панел дискусии на темите „Деловните и политичките ризици за енергетската безбедност“, „Европската енергетска политика, Русија и Балканот“, „Диверзификацијата на извори - цевководи и течен природен гас“ и „Регионализацијата, соработката и насоките на Македонија“.
