МРТ

Ново студио на јавниот сервис по најновите светски стандарди

07.02.2024 21:00

Преку виртуелна и проширена реалност, зборот добива поддршка од сликата. Објективно и проверено, надополнето со визуелно...

Од денеска информативната програма на Македонската телевизија почнува со презентирање на информациите од новото студио на јавниот сервис, направено по најновите светски стандарди.

Преку виртуелна и проширена реалност, зборот добива поддршка од сликата. Објективно и проверено, надополнето со визуелно.

На почетокот на новата страница од историјата, колегите од уредничкиот, репортерскиот и дописничкиот тим, овој Дневник го водеа заедно.