Временска прогноза
Сончево и топло со мала локална облачност
08.02.2024 08:32
Времето денеска наутро ќе биде со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку ден сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Времето денеска наутро ќе биде со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку ден сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од – 2 до 4, а максималните ќе достигнат од 13 до 20 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималните температури ќе се спуштат до нула, а максималните ќе достигнат до 17 степени.
