Собрание

Продолжува собраниската расправа за избор на уставен судија

08.02.2024 08:45

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 140. седница.

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 140. седница.

Пратениците вчера во рамки на оваа седница ја почнаа расправата по предлогот за избор на судија на Уставниот суд. Станува збор за професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Ана Павловска-Данева, да биде нова уставна судијка.

Предлогот Павловска-Данева дојде откако на 24 јануари по речиси една и пол година расправа во Собранието беше повлечен предлогот за доскорешниот републички обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.