Честитка од Оланд до Иванов: Франција е на Ваша страна!
Оланд во честитката му посакува успех на Иванов во извршувањето на највисоката функција во Република Македонија во интерес на земјата и нејзината европска перспектива....

Францускиот претседател Франсоа Оланд упати честитка по повод инаугурацијата и реизборот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Како што соопшти денеска кабинетот на македонскиот претседател, Оланд во честитката му посакува успех на Иванов во извршувањето на највисоката функција во Република Македонија во интерес на земјата и нејзината европска перспектива.
Бидете убеден дека Франција е на ваша страна за да ви помогне во таа задача. Сакам да ви ја потврдам и мојата желба за продолжување на продлабочувањето на пријателските односи кои ги поврзуваат нашите земји, во духот на дијалогот кој го отпочнавме минатато лето во Брдо, се вели во честитката на францускиот претседател Оланд.
