Македонија
Николовски ќе посети сточари и мали производители на храна во Берово
08.02.2024 09:10
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска ќе биде во работна посета на општина Берово...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска ќе биде во работна посета на општина Берово.
Најавено е тој да оствари повеќе средби со сточари од беровско, како и да се сретне со мали производители на храна.
Во рамки на планираните активности, предвидено е Николовски да ја посети компанијата „Малеш – бреза“ ДООЕЛ, успешен ИПАРД корисник.
