Украина

Загинати и повредени во најновите руски напади

08.02.2024 09:34

Загинати најмалку пет цивили, и десетици ранети во рускиот напад со крстаречки и балистички ракети и дронови врз шест области во Украина, меѓу кои и Киев...

Загинати најмалку пет цивили, и десетици ранети во рускиот напад со крстаречки и балистички ракети и дронови врз шест области во Украина, меѓу кои и Киев.

Погодена е станбена зграда, по што изби пожар. Мисијата за човекови права од ООН евидентирала дека во минатиот месец биле убиени 158 цивили, а 483 биле ранети, што е зголемување за 37 насто во однос на ноември.

Од почетокот на војната, загинале над 10 илјади цивили загинале, а речиси 20 илјади се ранети.