САД

Сенатот не изгласа помош за Украина и Израел

08.02.2024 09:34

Сенатот на САД го отфрли законскиот пакет кој предвидува средства за обезбедување на американската граница со Мексико, како и помош за Украина и за Израел...

Сенатот на САД го отфрли законскиот пакет кој предвидува средства за обезбедување на американската граница со Мексико, како и помош за Украина и за Израел.

Усвојувањето на пакетот тежок 118 милијарди долари пропадна поради несогласноста на републиканците, со што завршија повеќемесечните преговори со демократите.

За донесување на законот беа потребни 60 од 100 гласа, но 49 гласа беа против. Републиканските пратеници инсистираа парите за конфликти во странство да се усогласат со помош за границата со САД.