Израел

Нетанјаху ја отфрли понудата на Хамас за прекин на огнот

08.02.2024 09:40

Израел го отфрли предлогот на Хамас за прекин на огнот. Барањата на терористичката група за Нетанјаху се заблудни...

Израел го отфрли предлогот на Хамас за прекин на огнот. Барањата на терористичката група за Нетанјаху се заблудни. За него е неприфатлив секој предлог што ќе ги остави терористите во делумна или целосна контрола врз Газа.

„Заблудните барања на Хамас што ги слушнавме не само што нема да доведат до ослободување на заробениците, туку ќе ги покани на уште еден масакр. Граѓанската администрација на газа нема да може да ја спроведуваат оние кои го поддржуваат и финансираат теророт“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

За американскиот државен секретар договор сè уште е можен. Одговорот на Хамас создава простор тој да биде постигнат – вели Блинкен.

„Иако има некои јасни ставови кои не се придвижуваат кон одговорот на Хамас, сепак мислиме дека тој создава простор за постигнување договор, и ќе работиме неуморно додека не го постигнеме“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Хамас најави дека испраќа делегација во Каиро за да ги продолжи преговорите за прекин на огнот.

„Од првиот ден од објавувањето на овој договор, ционистичките изјави се продолжувањето на агресијата врз појасот газа. Потврдуваме дека делегација од раководството на движењето ќе замине во Каиро за да го следи ова прашање“, рече Осама Хамдан, член на политичкото биро на Хамас.

Иако израелскиот лидер не ја исклучи можноста за натамошни преговори, сепак целта на Тел Авив останува целосна победа. Борбите продолжуваат кон Рафа. ООН загрижени од израелските планови.