Македонија

ЦУК: Над 36 пожари на отворено за 24 часа, четири активни

08.02.2024 09:52

Пожарникарите од ТППЕ Пробиштип го ставиле под контрола пожарот што избувнал на 6-ти февруари во 17 часот, во атарот на селото Јамиште. Екипата од Национални шуми – подружница „Пробиштип“ постојано ја следела ситуацијата, иако се очекувало во текот на ноќните часови, пожарот да биде самоизгаснат...

Над 36 пожари на отворено имало изминатите 24 часа, а четири сè уште се водат како активни, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Од „зимските“ 36 пожари на отворено во последното деноноќие, четири сè уште се водат како активни. Еден од пожарите бил во близина на село Виниче на Скопска Црна Гора, општина Гази Баба.

Пожарникарите од ТППЕ Пробиштип го ставиле под контрола пожарот што избувнал на 6-ти февруари во 17 часот, во атарот на селото Јамиште. Екипата од Национални шуми – подружница „Пробиштип“ постојано ја следела ситуацијата, иако се очекувало во текот на ноќните часови, пожарот да биде самоизгаснат.

Еден вработен од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Шар“ во текот на ноќта бил задолжен да дежура и ако пожарот не се самоизгасне, ќе алармирал да се интервенира во текот на почетокот на денов.

Пожарот над селото Корита, исто така, е на тешко пристапниот терен и во текот на ноќта, екипата од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Шар“, не можеше да интервенира заради безбедносни причини.

Како што се наведува во сооштението, екипата планирала да интервенира во текот на утринските часови, ако пожарот е сè уште активен.

Во последното деноноќие имало вкупно 1.786 повици на единствениот број за итни случаи 112, од нив, „реални“ повици биле 46,98 отсто, а 53,02 проценти биле за други потреби на граѓаните, неитни.

Кон полиција биле упатени 56,60 отсто, кон Итната медицинска помош – 31,70 проценти, а кон пожарникарите – 9,06 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, стои во соопштението.