ООН

Итен состанок на СБ за Косово

08.02.2024 09:55

Советот за безбедност на ООН вечерва заседава на вонредна седница по барање на Србија за последните случувања на Косово и новите тензии предизвикани од одлуката на Приштина да го укине српскиот динар...

Советот за безбедност на ООН вечерва заседава на вонредна седница по барање на Србија за последните случувања на Косово и новите тензии предизвикани од одлуката на Приштина да го укине српскиот динар.

Белград одлуката ја смета за противзаконска и обид за целосно етничко чистење на Србите. Сè уште е нејасно дали седницата ќе биде отворена за јавноста.