Култура

Промоција на романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“

08.02.2024 11:22

Во романот станува збор за суштинската промена однатре која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата меѓу тие два света: реалното и чудесното.

Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од писателката Фросина Пармаковска, а во издание на „ИЛИ-ИЛИ“, ќе биде промовиран вечерва во Салонот 19.19 при Културниот-информативен центар (КИЦ).

Во романот станува збор за суштинската промена однатре која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата меѓу тие два света: реалното и чудесното.

Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главниот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревањето на главниот лик од друга страна.

Пармаковска е родена во Скопје, 1985 годна. Дипломирала на Филолошки факултет, Катедра за општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институтот за македонска литература, на културолошки студии. Авторка е на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ ( роман на годината за 2017 г.) и „На враќање“.