Клоп нема да ја прифати понудата да ја води Барселона

08.02.2024 11:25

Претходно се појави информација дека Клоп може да ја одложи најавената пауза во кариерата за да работи со каталонскиот тим.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп следната сезона нема да соработува со Барселона. Германскиот стручњак ја отфрлил оваа можност бидејќи сѐ уште сака да паузира од тренерската работа по заминувањето од англискиот клуб.

Претходно се појави информација дека Клоп може да ја одложи најавената пауза во кариерата за да работи со каталонскиот тим.

На 26 јануари германскиот стручњак објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната 2023/24.