ИЗРАЕЛ - ХАМАС

Нетанјаху ја одби понудата на Хамас за прекин на огнот

08.02.2024 11:31

Барањата на терористичката група, за Нетанјаху се заблуди. За него е неприфатлив секој предлог што ќе ги остави терористите во делумна или целосна контрола врз Газа. Блинкен со остра критика на кампањата на Израел, но, вели дека договор сè уште е можен...

Израел го отфрли предлогот на Хамас за прекин на огнот. Барањата на терористичката група, за Нетанјаху се заблуди. За него е неприфатлив секој предлог што ќе ги остави терористите во делумна или целосна контрола врз Газа.

„Барањата на Хамас што ги слушнавме, не само што нема да доведат до ослободување на заробениците, туку ќе ги покани на уште еден масакр. Граѓанската администрација на Газа нема да може да ја спроведуваат, тие кои го поддржуваат и финансираат теророт“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

По разговорите со политичкото и военото раководство во Тел Авив, американскиот секретар упати остра критика на кампањата на Израел, но, додаде дека договор сè уште е можен, а одговорот на Хамас создава простор за тоа, вели Блинкен.

„Иако има некои јасни ставови кои не се придвижуваат кон одговорот на Хамас, сепак мислиме дека тој создава простор за постигнување договор и ќе работиме неуморно додека не го постигнеме“, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

Хамас го осуди Нетанјаху.

„Од првиот ден од објавувањето на овој договор, ционистичките изјави се продолжувањето на агресијата врз појасот Газа. Потврдуваме дека делегација од раководството на движењето, ќе замине во Каиро за да го следи ова прашање“, изјави Израел 13.00

Израел го отфрли предлогот на Хамас за прекин на огнот. Барањата на терористичката група за Нетанјаху се заблуди. За него е неприфатлив секој предлог што ќе ги остави терористите во делумна или целосна контрола врз Газа.

„Барањата на Хамас што ги слушнавме не само што нема да доведат до ослободување на заробениците, туку ќе ги покани на уште еден масакр. Граѓанската администрација на газа нема да може да ја спроведуваат тие кои го поддржуваат и финансираат теророт“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

По разговорите со политичкото и военото раководство во Тел Авив, американскиот секретар упати остра критика на кампањата на Израел, но додаде дека договор сè уште е можен, а одговорот на Хамас создава простор за тоа, вели Блинкен.

„Иако има некои јасни ставови кои не се придвижуваат кон одговорот на Хамас, сепак мислиме дека тој создава простор за постигнување договор и ќе работиме неуморно додека не го постигнеме“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Хамас го осуди Нетанјаху.

„Од првиот ден од објавувањето на овој договор, ционистичките изјави се продолжувањето на агресијата врз појасот газа. потврдуваме дека делегација од раководството на движењето ќе замине во Каиро за да го следи ова прашање“, изјави Осама Хамдан, член на политичкото биро на Хамас.

Иако израелскиот лидер не ја исклучи можноста за натамошни преговори, сепак целта на тел Авив останува целосна победа. Борбите продолжуваат кон Рафа. ООН загрижени од израелските планови.

„Вознемирен сум од израелската намера да се фокусира на Рафах, каде што стотици илјади Палестинци се притиснати во очајна потрага за безбедност. Таквата акција би го зголемил, веќе хуманитарниот кошмар, во неописливи регионални последици“, изјави генералениот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Војната во Газа влезе во петтиот месец и се поизвесно станува дека нема да заврши додека Израел не го порази Хамас.

 

Бојана Крстевски