Лекарската комора бара заштита на лекарите од гневни пациенти
Лекарската комора апелира до здравствените власти да ги заштити лекарите од зачестените напади на гневни пациенти...

Годинава имаше три напади: возило на брза помош на 1 јануари во Скопје, и неодамна два случаи во Штип и во Тетово. Лекарите бараат посебен законски статус.
„Лекарската комора на Македонија најостро реагира и ги осудува се почестите вербални и физички напади на докторите на нивните работни места и укажува дека инцидентите кои излегуваат во јавноста, како што се неодамнешните инциденти во Клиничата болница Тетово и Штип, се само дел од насилството над докторите кои ја вршат својата професија одговорно, стручно и етички. За жал, како професионална докторска асоцијација цениме дека ваквите случаи се многу почести отколку што се зборува за нив, а секој поединечен инцидент не е само лична трагедија и траума, туку го урива интегритетот и дигнитетот на докторот и здравствениот систем во целина“.
Ова е дел од писмената рекација на Лекарската комора на која стои потписот на потпретседателот д-р Џабир Бајрами. Освен трите инциденти на напади врз лекарите за последниве 6 месеци, преку соопштението информираат дека има повеќе дописи од лекари до Комората дека се почесто се напаѓани и вербално и физички од пациентите и нивните најблиски роднини. Затоа апелираат до здравствените власти и до директорите на здравствените установи да преземат дополнителни меркиза да им се обезбеди заштита и услови за нормална работа, но и законски регулиран статус.
„Лекарската комора на Македонија смета дека докторите треба да имаат по себе стаус кој законски треба да се регулира како предуслов ваквите инциденти во иднина да не се третираат како обични конфликти и напади, односно неоппходна е посебна правна рамка со која ќе се обезбеди поголема заштита на докторите и здравствените работници при укажувањето на здравствената заштита“.
Соња Стојановска
