Подготовка за претседателски избори во Русија
Русија се подготвува за претседателските избори. Треба да се одржат на 17-ти март. Путин не се појавува на дебати, образложението е дека бил презафатен.

Декретот потпишан од Путин за ставот кон војната во Украина ги определува кандидатите за мартовските претседателски избори во руската федерација. Борис Надеждин, лидерот на „Граѓанската иницијатива“, е прашалник за Централната изборна комисија за листата аспиранти за престижната позиција. Надеждин, поранешен пратеник на Државната дума, ја претстави сопствената антивоена програма. Според анкетите, лидерот на иницијативата може да освои 15 насто од гласачкото тело.
„Можам да кажам дека сигурно нема да владеам 25 години, зашто ќе имам 85 години. Се споредувам со Бајден, ми изгледа дека не е добра идеја“, изјави Борис Надеждин - аспирант за кандидат за претседател на Русија (Граѓанска иницијатива).
Менувањето на рускиот устав му овозможи на Путин нова кандидатура за шеф на руската држава. Економијата и војната во Украина се главните адути на Путин.
„Во овие две тешки години го унапредивме воено-индустрискиот комплекс. Економијата демонстрираше отпорност и се развива. Предвидувавме криза и колапс, но сега стопанството е прво во Европа и петто во светот“, изјави Владимир Путин-претседател на руската федерација.
Другите претенденти ја поддржуваат политиката на војната во Украина.
„Задачите на Министерството за одбрана, од пред две години, наредени од нашиот врховен командант се постигнување на целите на специјалната воена операција“, изјави Николај Каритонов-кандидат на Комунистичката партија.
„Победата е нашата примарна цел, без претерување, за тоа треба да живееме“, изјави Леонид Слутски-кандидат на Либерално-демократската партија.
Кандидат за претседател е и Владислав Даванков од партијата „Нови луѓе“, на иста линија со Путин. Терминот за првиот круг избори е од 15-ти до 17-ти март, можниот втор е на 7-ми април, инаугурацијата на претседателот е на 7-ми мај, два дена пред традиционалното одбележување на денот на победата.
Зоран Богатинов
