Меџити: Оставка не поднесувам, Собранието и пратениците одлучуваат кој ќе биде министер
Дали и до кога ќе бидам министер, тоа не го одлучувам јас, има Собрание и почитуваните пратеници ќе одлучат кој и до кога ќе биде министер, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити...

Оставка не поднесувам, Собранието и пратениците одлучуваат кој ќе биде министер-првиот човек на здравството Меџити тврди дека работел чесно откако партијата побара негова смена.
„До крај ќе бидеме транспарентни и одговорни. Динамично, енергично и бескомпромисно ќе работиме со проблематиките во здравството, кои тапкаат и стојат во место 30 години. Дали и до кога ќе бидам министер, тоа не го одлучувам јас, има Собрание и почитуваните пратеници ќе одлучат кој и до кога ќе биде министер“, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити.
По несогласувањата помеѓу сегашниот и поранешниот лидер на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари и Зијадин Села, во однос на настапот на парламентарните избори, во партијата има поделби.
Управниот совет, пак, за нов министер за здравство го предлага Илир Демири. Меџити на оваа функција е 11 месеци.
На брифинг со новинарите, министерот Меџити најави дека се разгледува мислењето на Комисијата за да се прогласи епидемија на голема кашлица во главниот град. Има четири нови случаи на голема кашлица и планира да ја потпише одлуката.
