Расте бројот на заболени со голема кашлица во земјава
Потврдени нови четири случаи на големата кашлица. Бројот на заразени расте, родителите на мали деца се исплашени. Откако Комисијата побара да се прогласи епидемија во Скопје, министерот за здравство ги подготви документите...

Министерот Меџити потврди – ја прифаќаат препораката на Комисијата за заразни болести за прогласување епидемија на голема кашлица.
Во изминатите денови бројот на нови случаи расте, има и четворица нови заразени, препорака е и да се забрани прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките. Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е заштита на најмалите. Апелираат родителите задолжително да ги вакцинираат своите деца согласно календарот за имунизација. Велат дека ова е високозаразно заболување слично на морбилите.
Родителите велат дека се загрижени за своите деца. Најголем дел од потврдените случаи се во Скопје.
Ана Јосифоска-Тодоровска
