Битиќи се шегувал за ТЕ-ТО
Изјавата за затворање на ТЕ-ТО е шега, на земјава ѝ се потребни стратешки инвестиции за да ја подигне конкурентноста...

Изјавата за затворање на ТЕ-ТО е шега, на земјава ѝ се потребни стратешки инвестиции за да ја подигне конкурентноста. Ова го изјави вицепремиерот Битиќи, откако неговата најава предизвика лавина реакции во јавноста.
„Ние носиме европски инвеститори кои лесно може да се видат кои се, јасно, без никаков корозивен капитал во нивното работење. И затоа ја направив таа шега, што ако се направи инвестицијата која ја предлагаме, што ќе биде со ТЕ-ТО. Реков, ако не е потребно, ќе се затвори“, изјави вицепремиерот Битиќи.
Тој нагласи дека останува на фактот дека конкурентноста на компаниите мора да се креира преку носење на инвестиции.
