Ана Павловска- Данева избрана за уставен судија
Со 65 гласа „за“ и 26 „против“, професорката Ана Павловска – Данева е избрана за Уставен судија. Два дена пратениците дискутираа за изборот на Данева. Таа е деветтиот уставен судија, со што овој суд сега е комплетен...

Со 65 гласа „за“ и 26 „против“, професорката Ана Павловска – Данева е избрана за Уставен судија. Претседателот на Собранието Митрески посочи дека на професорката, сега уставна судијка, Павловска-Данева ѝ престануваат сите останати професионални активности.
Два дена пратениците дискутираа за изборот на Данева. За ВМРО-ДПМНЕ, таа само дополнително ќе го потврди партизирањето на Уставниот суд, дотолку повеќе што јавно се нема оградено од партиските функции. За владејачкото мнозинство, Данева е најдобриот избор кој професионално ќе ја извршува функцијата.
По гласањето Павловска - Данева даде свечена заклетва. Таа е деветтиот уставен судија, со што овој суд сега е комплетен. Мандатот на уставните судии е девет години.
Марина Стојанова - Тонева
