МЗШВ

Сточарите оваа недела на своите сметки да ја очекуваат исплатата на 30% од основните субвенции, најави Николовски

08.02.2024 16:39

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска е во работна посета на Берово, каде на повеќе средби со земјоделците и сточарите од Берово и беровско ќе ги презентира новите мерки за поддршка на земјоделците во оваа 2024 година...

Министерот Николовски во својата изјава за медиумите истакна дека како министерство постојано сме на терен, директно разговарајќи со секој еден земјоделец, слушајќи го нивниот глас и заедно креирајќи мерки за поддршка на секој земјоделец. Така креираните мерки докажано даваат резултати нагалси министерот Николовски.

Тој додаде и дека дополнително до крајот на 2024 година, сточарите како и другите земјоделци повторно ќе добијат авасни 30% за субвенции за оваа тековна 2024 година.

Сточарството е нашиот главен фокус во работата на министерството оваа 2024 година. Креирани се повеќе нови мерки за поддршка на сточарите и со право оваа година велиме дека е година на сточарството.

Ова зголемување следува откако во 2023 година, преку новиот систем за контрола предвиден со новиот модел за субвенционирање, ставивме ред, добивајќи ја реалната бројка на животни за кои се исплаќа финасиска поддршка.

Поддршката кон сточарите за набавка на високо педигриран добиток ја продолжуваме и оваа 2024 година. Мерка важна за стоачрите, со која го обновуваме сточниот фонд. Платежната Агенција веќе ги обработува 194 апликации пристигнати од последниот повик за поддршка при набавка на педигриран добиток, кој заврши на 16 ноември 2023 година. Поддршката која се дава до сточарите преку оваа мерка изнесува 10 милиони денари по корисник, што претставува кофинасирање од 50 до 75 проценти.

Во рамки на теренските активности во Берово, министерот Николовски оствари посета на компанијата Агро Макс, успешен ИПАРД корисник која се занимава со преработка на производи од слива и маслинка. Потоа средба со мал производител на храна, како и со добитници на поддршка од мерката за набавка на трактори.

Креираме мерки според потребите на секој земјоделец, на секој сточар. Мерки што докажано даваат резултати.