Јужен тeк и Брисел-Русија

05.12.2013 21:40

Брисел им порача

Брисел им порача на државите дека се обврзани според договорот со Унијата, или со документот  на Енергетската заедница  да побараат нови договори од Русија  со цел да се усогласат меѓудржавните договори со  европските закони кога е во прашање изградбата на Јужниот тек. Директорот  за енергетскиот европски пазар  Бохард  потсети дека доколку договорите не се ревидираат,  државите ќе мора да се одречат од   гасоводот.  Според   руските медиуми,  Брисел  поради  украинските настани, сака на ваков начин  да и  врати  на Москва.

Сметаме дека Јужниот тек нема да се работи на територијата на Унијата доколку не се   усогласат со европските закони,  оцени експертот Енрико Баса.

 Ваквиот развој на настаните доаѓа во момент   кога се заладуваат односите не само поради гасот туку  и поради настаните во Украина,која не го потпиша договорот за партнерство и се сврте кон  Русија

 Јас не  ве разбирам  околу неколку прашања што се актуелни деновиве, и она што ме  праша Расмусен дали  руските војници ќе влезат во Украина. Ве молам  какви се тие  прашања, бидејки ваквите сигнали,  и за енергетиката и  за украинските случувања  ќе дадат  многу погрешна  слика  за состојбите.  Изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров

На состанокот  во Брисел   европските експерти  им поставиле три услови на руските партнери, дека ако сакаат гасоводот да се  градии на европска територија, Гаспром не може истовремено да биде сопственик на производствените капацитети и на транспортната мрежа, потоа на третите страни   треба  да им се обезбеди недискриминирачки пристап до гасоводот , како и да се  реши тарифната структура.

Русите  најавија дека  немаат  намера  одново  да преговораат, изјави директорот   Гаспорм за извос Александар Медведев, а министерот  за енергетика  Анатолиј Јанковски  изјави дека Москва  нема да ги прифати европските правила што се однесуваат на прекуграничните проекти како што е гасоводот  кој не се наоѓа исклучиво на територијата на Унијата  и дека  изградбата на Јужениот тек е посилна во однос на останатите правни норми.

Мирјана Василева