прекин на штрајкот

Авионот на „Луфтханза“ полета за Франкфуркт

08.02.2024 16:51

Прекинатиот штрајк на германските аеродроми донесе раздвиженост и кај нас. Патниците одлетаа до посакуваните дестинации...

Колективните договори ги приземјиа авионите на Луфтханза цели 27 часа. Синдикалците на копнениот персонал на оваа национална германска компанија откажаа до 90 проценти од летовите заради тоа останаа засегнати над 100 илјади патници. Од земјава со Луфтханза се патува за Франкфурт. На скопскиот аеродром камерата на МТВ забележа задоволни патници бидејќи нема откажувања.

Некои од патниците биле информирани за измени во летовите, други дошле сигурни дека ќе отпатуваат.

Најчести патници во авионите кон германските градови се нашите сонародници со престој и работа таму. Штрајковите во германската Луфтханза главно се одразуваат преку откажани или задоцнети летови до дестинациите во Германија. Од ТАВ за МТВ велат дека од почетокот на годинава досега, Луфтханза има откажано само два лета на линијата Скопје-Франкфурт-Скопје.

„Во 2023 година Луфтханза реализираше вкупно 706 лета до/од меѓународниот аеродром Скопје, од кои 353 пристигнувања и 353 заминувања и превезе вкупно 73.140 патници. Минатата година Луфтханза леташе од Меѓународниот аеродром Скопје со 10 фреквенции неделно“, соопштија од ТАВ.

Според податоците од ТАВ, во јануари годинава Луфтханза превезе 7.236 патници на авиолинијата Скопје-Франкфурт-Скопје.

 

Фиљана Кока