Медицинскиот персонал од прилепската болница бара решенија за работа
На денешна прес-конференција на Независниот синдикат пред прилепската болница, медицинскиот персонал ангажиран со договори на дело побара од Министерството за здравство да се реши нивниот работен статус. На тоа апелира и прилепската болница...

Со години работиме во здравствена установа, а немаме здравствено осигурување, ниту други бенефиции, порачаа ангажираните со договор на дело во Прилепската болница. Апелираат и бараат од министерството за здравство конечно да им го реши статусот и да добијат решенија на неопределено време. На почетокот на годината тие имаа одредени најави, но досега ништо не е направено. Во таква ситуација се 100-тина од медицинскиот персонал меѓу кои 12 лекари.
Од болницата го поддржуваат апелот на нивниот персонал и колегите.
Елизабета Митреска
