Костадиновска-Стојчевска: Ги обезбедивме документацијата и парите, реконструкцијата на Универзална сала започнува
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалната сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела...

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалната сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела.
Таа додаде дека никој не претпоставуваше дека откако Министерството за култура го презеде правото за обнова на Универзална, дури и по четири ургенции до градоначалничката, до службите и до Советот на Град Скопје, Министерството нема да добие одговор.
Министерката рече дека во Министерството за култура во изминатиов период интензивно се работеше на обезбедување на потребната документација, но и на обезбедување услови за продолжување на реконструкцијата, за што говори и обезбедувањето средства за 2024 година, како и обезбеденото три годишно финансирање. „Со повеќегодишна јавна набавка обезбедивме овој процес кој не смее да се доведе во прашање, да нема никакви пречки до негова крајна реализација“, појасни министерката за култура.