Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од шест години
Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години од казната...

Денеска околу 13.45 часот на раскрсница помеѓу с.Бомово и Дебар, во близина на државната граница со Р.Албанија полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го лишиле од слобода М.А. (31) од Дебар. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години од казната.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, информира МВР.
