Македонија
Љупчо Николовски ќе биде во работна посета на општина Свети Николе
09.02.2024 09:07
Министерот Николовски ќе оствари повеќе средби со млади земјоделци од Свети Николе, добитници на мерката за поддршка во набавка на трактори.

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе биде во работна посета на општина Свети Николе.
Во рамки на планираните активности министерот Николовски во 12:20 часот ќе ја посети компанијата Агрофутопија. По завршувањето на посетата пред компанијата Агрофутопија министерот Николовски ќе даде изјава за медиумите.
Министерот Николовски ќе оствари повеќе средби со млади земјоделци од Свети Николе, добитници на мерката за поддршка во набавка на трактори и модернизација на земјоделското производство.
