Хезболах истрела најмалку 30 ракети од Либан кон северен Израел
Милитантите на Хезболах истрелаа најмалку 30 ракети од Либан кон северен Израел...

Милитантите на Хезболах истрелаа најмалку 30 ракети од Либан кон северен Израел. Во меѓувреме, израелската армија ги продолжува операциите низ Појасот Газа, а најжестоките борби се водат во Кан Јунис, каде што се убиени повеќе од 20 членови на Хамас. Целта на Израелската одбрана е пограничниот град Рафах, при што во последниот напад загинаа 13 Палестинци. Генералниот секретар на Обединети нации, Гутереш предупреди на опасност од хуманитарна катастрофа и последици за целиот регион доколку израелската војска продолжи со офанзивата во Рафа. Шефот на Белата Куќа вели дека неуморно се работи на договорот за прекин на огнот и обезбедување хуманитарна помош за цивилното население.
„Притискав навистина силно од сите страни. Навистина тешко е да се дојде до хуманитарна помош во Газа. Има многу невини луѓе кои гладуваат, многу невини луѓе кои се во неволја и умираат. И тоа мора да престане“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
Во меѓувреме, делегација на Хамас пристигна во Каиро на разговори за потенцијален прекин на огнот. Египетските власти проценија дека новите преговори ќе траат најмалку десет дена пред да започне примирјето како дел од првата фаза од предложениот договор во три фази.
