Македонија

Денеска од 11 до 17 часот блокада на меѓународниот сообраќај на Меџитлија поради протест на грчките земјоделци

09.02.2024 10:05

Деновиве земјоделците од северозападна Грција со тракторите протестираа без целосно затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница од грчкото село Ники, ќе биде затворен...

Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна.

Блокадата на граничниот премин Ники, истовремено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција сè до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила, потврдија од граничниот премин.

Деновиве земјоделците од северозападна Грција со тракторите протестираа без целосно затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница од 11 до 17 часот, од грчкото село Ники, ќе биде затворен кон внатрешноста на Грција.