За брзо возење казнети 180 возачи на територија на цела држава
Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 180 возачи.
Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
