Донација од ОНЕ за тетовските пожарникари
Донацијата е со цел дополнување и обнова на постоечката и застарена опрема, подобрување на условите за работа на единицата во случај на пожар и друг тип елементарни непогоди...

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ донираше противпожарна опрема за потребите на тетовските пожарникари. Донацијата е со цел дополнување и обнова на постоечката и застарена опрема, подобрување на условите за работа на единицата во случај на пожар и друг тип елементарни непогоди.
„Ова не е ниту прва ниту последна наша донација. Ќе гледаме што е можно повеќе да и враќаме на заедницата во која се наоѓаме и на корисниците. Јас се надевам дека колегите од противпожарната единица нема да ја користат оваа опрема, тоа не е убаво, но ако им затреба сакаме да бидеме корисни“, изјави Церил Кафол, главен извршен директор на ОНЕ.
Зоран Јованоски
