Македонија

Курти доаѓа во Скопје, најавен посебен режим на сообраќај

09.02.2024 10:32

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска и утре (09.и 10.02.2024) поради најавената официјална посета на делегација предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, соопштуваат од МВР.