Три деца заразени со голема кашлица во Куманово, сите се невакцинирани
Најголем дел од случаите на голема кашлица се евидентирани во главниот град. Владата сè уште нема оформено кризен штаб, ниту е закажана седница за прогласување на епидемија…

Големата кашлица- страв и трепет за родителите. Вакциналните пунктови се полнат, сѐ повеќе граѓани ги носта децата за вакцинација со „дитепер“. Во Куманово регистрирани три случаи, сите невакцинирани. Две од нив денеска се хоспитализирани во Скопје, а вкупниот број во детската клиника „Козле“ е пет. За три, сѐ уште се чекаат резултати дали имаат голема кашлица.
Владата сè уште нема оформено кризен штаб, ниту е закажана седница за прогласување на епидемија по препорака на Комисијата за заштита од заразни болести.
Комисијата за заразни болести даде препорака за прогласување на епидемија на голема кашлица во Град Скопје, бидејќи на територијата на државата има 22 потврдени случаи, од кои 14 во главниот град.
Комисијата исто така препорача да не се примаат децата во градинките кои не се вакцинирани. Од понеделник се најавува инспекција која ќе треба да утврди колку од децата ги примиле трите дози на „дитепер“.
