Голема кашлица

Зголемен интерес за вакцинација

09.02.2024 13:12

Вакциналните пунктови се полнат, сè повеќе граѓани ги носат децата за вакцинација со „ди-те-пер“. Во Куманово регистрирани три случаи, сите невакцинирани...

Големата кашлица-страв и трепет за родителите. Вакциналните пунктови се полнат, сè повеќе граѓани ги носат децата за вакцинација со „ди-те-пер“. Во Куманово регистрирани три случаи, сите невакцинирани. Две од нив денеска се хоспитализирани во Скопје, а вкупниот број во детската клиника „Козле“ е пет. За три сè уште се чекаат резултати дали имаат голема кашлица.

Известува Андријана Ѓурческа