Политика

Во Собранието разрешување и избор на нови министри

09.02.2024 13:22

На местото на Фатмир Меџити се предлага Илир Демири да биде нов министер за здравство. Како замена за Азир Алиу е предложен Наим Бајрами...

Техничкиот премиер Талат Џафери вчера го достави предлогот за разрешување на министрите од Алијанса за Албанците и денеска се најдоа како прва точка во Собранието. На местото на Фатмир Меџити се предлага Илир Демири да биде нов министер за здравство. Како замена за Азир Алиу е предложен Наим Бајрами.

На вчерашниот состанок на Централното собрание, Таравари доби поддршка од сите присутни 75 членови и беше донесена одлука да се приклучи кон опозицијата.

Миле Ристески ја следи собраниската седница